09/07/2026
🤝 Во Кромберг и Шуберт денес имавме чест да бидеме домаќини на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во работна посета.
✅ Посетата беше посветена на она што е суштински важно за иднината на индустријата: стабилни работни места, квалификуван кадар, техничко образование, подобра инфраструктура и посилна конкурентност.
📚 Посебен акцент беше ставен на улогата на Битола и Пелагонија како индустриски регион со потенцијал за развој, каде што стабилната инфраструктура, организираниот транспорт, техничкото образование и предвидливата деловна средина се клучни за долгорочна конкурентност.
💫💜Во рамки на посетата, премиерот имаше можност да се запознае со дел од производствените процеси и со луѓето кои секојдневно придонесуваат фабриката да работи според високите стандарди на европската автомобилска индустрија.💜💫