16/06/2026
BMW - 750i xDrive 4.4L twin-turbo V8 445hp.
Промена на водна пумпа и околни динамички делови.
Кај овој концепт на мотори, кои се распространети кај многу модели од различни брендови, каде каналниот ремен ја врти водната пумпа преку погонската ременица, во случај на зарибување или заглавување на истата ке слушнете шкрипење пропратено со димна завеса од самиот ремен.
Се што треба да направите е да го угаснете возилото за да не дојде до прегревање на моторот, и обично ке поминете со ваква промена.
Кај концепти на мотори каде водната пумпа ја ротира ребрастиот ремен, секогаш доаѓа до сериозна катастрофална оштета во моторот која бара полуремонт.
Водна пумпа се менува на 60.000-80.000км, и стриктно се користи антифриз по спецификација за подмачкување на истата, кој се менува на 3-4 години.
Во никој случај не смеете да користите обична вода на долги стази. Доколку имате проблем со системот за ладење, вода се става до првиот сервис каде истата подоцна ке биде испуштена и заменета со антифриз.